Рајнскофранконски дијалекти
From Wikipedia, the free encyclopedia
Рајнскофранконски дијалекти (германски: Rheinfränkisch) — дијалектен ланец на западносредногерманските наречја. Се состои од дијалекти што се говорат во западните краишта на покраините Сар, Рајнска област-Пфалц, северозападен Баден-Виртемберг и Хесен во Германија. Се говорат и во североисточна Франција, во источниот дел на департманот Мозел во областа Лотарингија (Лорена) и северозападниот дел на департманот Долна Рајна во областа Елзас (Алзас). На север е ограничен од Санктгоарската линија (наречена и линија das–dat) која го двои ова наречје од мозелфранконскиte дијалекти. На југ е ограничен од Главната (Шпајерска) линија која го двои наречјето од горногерманските дијалекти.
Кратки факти Рајнскофранконски дијалекти, Географска распространетост: ...
Рајнскофранконски дијалекти | |
---|---|
Географска распространетост: | Рајнска област-Пфалц, Сар, Хесен, Лотарингија, Елзас |
Класификација: | индоевропски
|
Гранки: |
—
|
Рајнскофранконските меѓу другие франконски дијалекти
Хесенски
Фалечкогермански и Лотариншкофранконски | |
Затвори