![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/f3/Reincarnation_AS.jpg/640px-Reincarnation_AS.jpg&w=640&q=50)
Реинкарнација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Реинкарнација, буквално значи „повторно да се родиш во тело“. Се смета за доктрина или метафизичко верување дека некој основен дел од живото битие (во некои варијации се однесува само на луѓето), после смртта сè уште живее и се раѓа во ново тело. Овој основен дел најчесто се нарекува дух или душа, „повисоко јас“ или „вистинското јас“, „божествена искра“ или едноставно „јас“. Според ова верување, во текот на секој живот во физичкиот свет се добива нова личност, но еден дел од „јас“ е постојан во текот на сите животи, таканаречени - инкарнации.[1]
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/f3/Reincarnation_AS.jpg/320px-Reincarnation_AS.jpg)
Верувањето во реинкарнација е древен феномен. Оваа доктрина е централен принцип во индиските религиозни традиции: во хиндуизмот, јогата, вишнаизам, шиванизам, џаинизам и сикизам. Некои древни грчки филозофи исто така верувале во реинкарнација, а денес се појавува како верување во бројни модерни паганизми и во некои од движењата на Њу ејџ, меѓу кои и во спиритизмот, меѓу практикантите на африканските традиции, следбениците на езотеријата, Кабалата, суфизмот, гностицизмот. Будистичкото верување во реинкарнација се разликува од она на хиндуизмот и на Њу ејџ, по тоа што вели дека не постои непроменлив дел од „душата“ кој се реинкарнира.
Во текот на последниве децении, значаен број на авторитети од Запад го прифатија верувањето во реинкарнација.[2] Сепак, скептиците сметаат дека треба да се изврши поголем број на истражувања за да може да се зборува за реинкарнацијата.