Рихард Вагнер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Рихард Вагнер (германски: Richard Wagner, 22 мај 1813 – 13 февруари 1883) — прочуен германски музичар од времето на романтизмот и иноватор во хармонијата, создавaјќи сопствени верзии на Gesamtkuntswerk, драмски композиции во кои сите уметности биле споени во едно. Како човек тој бил подготвен да го жртвува своето семејство и пријателите за каузата на својата музика. Неговиот антисемитизам го привлекол вниманието кон идеите за неговата работа како музичар. Во своите творби ги обработувал германските митолошки ликови, а внесувал и многу патриотски чувства. Во подоцнежниот период од кариерата, Вагнер ја уживал поддршката од кралот Лудвиг II од Баварија и бил во можност да создаде свој театар и фестивал во баварскиот град Бајројт. Тој ја развил употребата на „лајтмотив” (главен мотив) како основа на музичката творба. Неговиот прелудиум за трагичната љубов на Тристан и Изолда на светот му донел еден нов вид на хармонија.
Рихард Вагнер | |
---|---|
Вагнер во 1871 година, од Франц Ханфштаенгл | |
Роден(а) | 22 мај 1813(1813-05-22) Лајпциг, Кралство Саксонија |
Починал(а) | 13 февруари 1883(1883-02-13) (возр. 69) Венеција, Кралство Италија |
Потпис |