Ричи Хотин
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ричи Хотин е музички продуцент и диџеј, пионир на Минималот и детроит тренс. Во 1990. година со Џон Аквавива ја основал издавачката куќа Плус 8 [1] , а во 1998 сопствена издавачка куќа Минус.
Ричи Хотин | |
---|---|
Животописни податоци | |
Родено име | Richard Hawtin |
Роден(а) | 4 јуни 1970(1970-06-04) (53 г.) Оксфордшир, Англија |
Жанрови | Техно, Минимал, Детроит техно |
Издавачи | Plus 8, M-nus, Novamute Records |
Мреж. место | richiehawtin.com |
Ричи Хотин, преку минималистичкиот пристап кој се одразува во неговиот севкупен звучен израз, користејќи ги перкусиите или ритамот и како мелодиска секвенца, на некој начин го продолжи она што пионерите на електронскиот минимализам, Крафтверк и Тенџерин Дрим го реализираа во 70-те години.
Но, Хотин, во своите креативни почетоци ја црпи инспирацијата и од групи и уметници како Кабарет Волтер или Брајан Ино. Уште со својот прв сингл Цирцуит бреакер, под името Сајбертроник, Ричи Хотин станува креативна сила во подземната електронска сцена во Детроит.
Под името Ф.У.С.Е. (Футуристик Ундергроунд Субсоник Екпериментс), Хотин реализира неколку траки, подоцна сместени на албумот од 1993 година Дименсион Интрусион издаден за Њарп.
Исто така, еден од успесите на Хотин во неговите музички почетоци е и соработката со електронската група ЛФО. Неговиот музички лик продолжува суптилно да се трансформира во т.н. амбиент-психоделична насока издавајќи го Шеет Оне за Нова Муте во 1993 година.
Албумот Муси ("Нова Муте") од 1994 година пак, нуди повеќе зрели синтези на неговите технички и визионерски капацитети и во тоа време, не може да се компарира со дотогаш постоечките стилови или жанрови во електронската музика.
За Нова Муте, Хотин ги издава и албумите "Цонсумед" и "Артифактс" во 1998 година, под името Пластикмен, користејќи ја полиритмиката како база за своите минималистички мелодиски линии, фокусирајќи се всушност, повеќе на експерименталната страна на својата музичка инвенција.
Пластикмен е зачетник и на т.н. поинтилистички пристап во електронската музика. Вреден да се спомене е и претходникот на овие две изданија, албумот "Концепт 1" издаден за "Минус" во 1997 година.
Пластикмен продолжува да твори издавајќи ги и извонредните миксови "Децкс, ЕФЏ и 909" ("Новамуте", 1999) и "ДЕ9: Цлосер То Тхе Едит" ("Новамуте", 2001).