Роберт Рождественски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Роберт Иванович Рождественски (руски: Ро́берт Ива́нович Рожде́ственский; 20 јуни 1932 - 19 август 1994 ) — руски поет кој во периодот на распадот на доктрината на социјалистичкиот реализам, заедно со поетите од типот на Андреј Вознесенски, Евгениј Евтушенко и Бела Акмадулина се осврна кон еден понов, посвеж и послободен поетски пристап во Советскиот Сојуз.
Роберт Рождественски | |
---|---|
Роберт Рождественски | |
Роден/а | 20 јуни 1932
[1][2][3] Кошика, Советски Сојуз |
Починат/а | 19 август 1994
Переделкино, Русија |
Занимање | поет |
Роден е во воена фамилија во Кошика[4]. По почетокот на Втората светска војна оди во сиропиталиште, бидејќи двајцата негови родители се мобилизирани. Започнува да пишува по завршувањето на средното училиште (првите свои стихови ги издава во 1950). За време на првите години од владеењето на Хрушчов, Рождественски работи крај Вознесенски, Јевтушенко и Акмадулина. Тие не се покоруваат на социјалистичкиот реализами почнуваат да пишуваат емотивни, лирски поеми. Сепак, тој никогаш нема да биде критички настроен кон комунистичката власт, поради што ќе биде постојано поддржуван од неа, а и ќе ја добие Лениновата награда во 1979 година.
Тој е првиот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата за најдобра песна во 1966 година.