Розвелски инцидент
From Wikipedia, the free encyclopedia
НЛО инцидентот кај Розвел бил околу наводното фаќање на вонземјанско вселенско летало, односно објект кој паднал во близина на Розвел, Ново Мексико (Roswell, New Mexico), во јуни или јули 1947 г. Од доцните 1970-ти инцидентот бил предмет на интензивно препирање и предмет на конспиративни теории, како што е вистинската природа на објектот што се урнал. Војската на Соединетите Американски Држави тврди дека она што всушност било откриено се остатоци од експериментален високо алтитуден балон за набљудување кој припаѓал на класификуваната група наречена “Могул” (Mogul); како и да е, многу НЛО поборници тврдат дека всушност вонземјанско летало заедно со неговиот екипаж било заробено, и дека војската тогаш се обврзала да го покрие тоа. Инцидентот станал широко познат поп културен феномен, правејќи го името Розвел еднозначно со името НЛО. Се рангира како најпублицирано и најконтраверзно од сите познати НЛО инциденти.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
На 8 јули 1947 г., Розвел Армијата за Воздушно Поле(РАВП) (Roswell Army Air Field (RAAF)) и нејзината канцеларија за јавни односи во Розвел, Ново Мексико објавиле во јавност дека персонал од 509-та Бомбардерска група (509th Bomb Group) нашол паднат „летачки диск“ на ранч во близина на Розвел, предизвикувајќи голем интерес кај медиумите. Следниот ден, печатот известил дека Генералот на Осмата Воздушна Сила (Eighth Air Force) всушност изјавил дека е откриен балон следен со радар од страна на РАВП персоналот, а не „летечки диск“. Свикана била подоцнежна прес конференција на која се дискутирало за остатоците од паднатиот објект, а изгледало како да се дава опис на паднатиот балон.
Инциденот брзо бил заборавен и скоро комплетно игнориран, дури и од НЛО истражувачи, и тоа повеќе од 30 години. Тогаш во 1978год., физичарот и нло истражувач Стентон Т. Фридмен (Stanton T. Friedman) го интервјуирал Мајорот Џес Марсел (Jesse Marcel), кој учествувал во откривањето на остатоците во 1947 г. Марсел го споделил неговото верување дека војската го покрила пронаоѓањето на вонземјанскиот вселенски брод. Неговата приказна се раширила низ НЛО круговите, и била вклучена во некои НЛО документарни емисии во тоа време. Во февруари 1980год., Националните Распрашувања (The National Enquirer ) направиле свое сопствено интервју со Марсел, привлекувајќи национално и светско внимание за инцидентот кај Розвел.
Дополнителни сведоци додале нови значајни детали, вклучувајќи тврдења за голема воена операција посветена на пронаоѓањето на вонземјанското летало и на самите вонземјани, на околу 11 места каде што имало вакви несреќи, како и наводно застрашување на сведоците. Во 1989 г., поранешниот гробар Глен Денис (Glenn Dennis), дал сопствена детална изјава, во која што тој тврдел дека вонземјански аутопсии биле спроведени на базата во Розвел.
Како одговор на овие изјави, и како резултат на конгресните распрашувања, Генералната Канцеларија за Сметководство поставила прашање до Секретарот на воздушните сили со цел да се спроведе внатрешно испитување. Резултатот бил сумиран во два извештаи. Во првиот кој бил издаден во 1995 г., било заклучено дека пронајдените материјали во 1947 г. биле само остатоци од тајна владина програма наречена Проектот Могул (Project Mogul), во која што биле вклучени високо алтитудни балони за откривање на звучни бранови генерирани од тестирања на Советски атомски бомби и балистички ракети. Вториот извештај, издаден во 1997 г., потврдил дека изјавите за пронајдените вонземјански тела биле наводно комбинација на невино трансформирани сеќавањавоени несреќи во кои имало повредени или убиени луѓе, невино трансформирани сеќавања од откривањето на антропоморфистички имитации во воени програми каков што бил Проектот Високо Нурнување (Project High Dive) спроведен во 1950-те, и насамарувања извршени од страна на некои сведоци и НЛО поборници. Психолошките ефекти на временско сузбивање и збунетост околу тоа кога се случиле овие настани го објаснува разидувањето за прашањето низ годините. Овие извештаи биле отфрлени од НЛО поборниците како наводни дезинформации или едноставно неуверливи информации. Како и да е, бројни врвни НЛО истражувачи, ја попуштиле можноста дека инцидентот имал воопшто нешто со вонземјани.