Рошова граница
астрономски концепт / From Wikipedia, the free encyclopedia
Рошова граница, понекогаш и Рошов полупречник — растојанието во кое некое небесно тело е стабилно благодарение само на сопствената гравитација и ќе се распадне во присуство на второ небесно тело со плимна сила поголема од гравитациската сила која го држи стабилно второто тело.[1] Во внатрешноста на Рошовата граница, орбитирачкиот материјал се распределува и формира прстени додека пак материјалот надвор од границата тежнее да се слепува и создава поголеми тела. Поимот своето име го добил по Едуар Рош, француски астроном, кој прв теориски ја пресметал оваа граница во 1848 година.[2]