Рубен Аморим
From Wikipedia, the free encyclopedia
Рубен Филипе Маркеш Аморим (роден на 27 јануари 1985, во Лисабон) — португалски фудбалски тренер, и поранешен играч од средниот ред. Во моментов ја води екипата на Спортинг Лисабон.
Рубен Аморим | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Рубен Филипе Маркеш Аморим | ||
Роден на | 27 јануари 1985(1985-01-27) (39 г.) | ||
Роден во | Лисабон, Португалија | ||
Држава | Португалија | ||
Висина | &100000000000001880000001,88 м | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред | ||
Сегашен клуб | Спортинг Лисабон (тренер) | ||
Повлекување | 4 април 2017 (32 г.) | ||
Младинска кариера | |||
Бенфика | |||
Белененсеш | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
2003-2008 | Белененсеш | 96 | (4) |
2008-2017 | Бенфика | 95 | (5) |
2012-2013 | → Брага | 30 | (4) |
2015-2016 | → Ал-Вакра | 14 | (2) |
Репрезентација ‡ | |||
2003 | Португалија 18 | 3 | (0) |
2003-2004 | Португалија 19 | 13 | (0) |
2004-2005 | Португалија 20 | 13 | (0) |
2005-2008 | Португалија 21 | 10 | (0) |
2010-2014 | Португалија | 14 | (0) |
Раководител на екипите | |||
2018-2019 | Каза Пија | ||
2019 | Брага Б | ||
2019-2020 | Брага | ||
2020- | Спортинг Лисабон | ||
† Учества (Голови). |
Својата играчка кариера Аморим ја поминал играјќи претежно за само два клуба Белененсеш и Бенфика, со вториот освоил и неколку трофеи вклучувајќи три првенствени титули, еден Куп на Португалија, пет Лига купа на Португалија и еден Суперкуп на Португалија. Во кариерата настапувал уште за екипите на Брага и катарската Ал-Вакра.
За португалската репрезентација, тој забележал 14 настапи и учествувал на две Светски првенства во 2010 и 2014.
По завршувањето на играчката кариера, Аморим ја започнал својата тренерска кариера, а првата работа ја добил во португалскиот третолигаш Каза Пија во 2018 година. Потоа ја водел Брага Б, пред да го преземе првиот тим во декември 2019 и да го освои Лига купот на Португалија веќе во првата своја сезона на чело на клубот.
Во март 2020 година, Аморим седнал на клупата на Спортинг Лисабон. Во сезоната 2020-2021, тој го одвел Спортинг до шампионската титула во португалското првенство, што била прва за клубот по 19 години чекање. Тоа му ја донело наградата Примеира лига Тренер на годината за 2021. Освен првенството, тој како тренер на Спортинг освоил и два лига купа и еден суперкуп.