Сан Кристобал (остров)
остров во состав на Галапагос / From Wikipedia, the free encyclopedia
Сан Кристобал (шпански: San Cristóbal) или Четем (англиски: Chatham) — најисточен остров од архипелагот Галапагос[1] во Тихиот Океан. Управно е сместен во покраината Галапагос во рамките на Еквадор. На југозападниот брег е сместено гратчето Пуерто Бакерисо Морено, кое претставува седиште на покраината.
На шпански, наречен е во чест на Свети Христофор, заштитник на морепловците. Англиското име „Четем“ го добил по британскиот државник Вилијам Пит Постариот, Ерл од Четем (1708-1778).