Сан Симеон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сан Симеон (шпан. San Simeon) е нездружено место на тихоокеанското крајбрежје во грофовијата Сан Луис Обиспо во Калифорнија, САД. Местото се наоѓа на пол пат Лос Анџелес и Сан Франциско, раздалечено околу 370 km од обете. Главна знаменитост во подрачјето е Херстовиот замок изграден од Вилјам Рандолф Херст во раниот XX век кој сега е туристичка атракција. Во праисторијата ова на подрачје живеел народот Чумаши, кои тука се доселиле во периодот околу 10.000 до 11.000 години п.н.е. Од овој период во месноста е останато наоѓалиште на големо село кај потокот Моро.[1]