Светониј
римски историчар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Гај Светониј Транквил (латински: Gaius Suetonius Tranquillus), најчесто само Светониј; ~ 69 – по 122 н.е.) — римски историчар од витешкиот (коњанички) сталеж кој работел во раниот период на Римското Царство.
Кратки факти Светониј, Роден/а ...
Светониј | |
---|---|
Светониј претставен на илустрација од Нирнбершкиот летопис | |
Роден/а | Гај Светониј Транквил ~ 69 н.е. Италија, Римско Царство |
Починат/а | по 122 н.е. |
Занимање | секретар, историчар |
Жанр | биографија |
Предмет | историја, биографија, говорништво |
Книжевно движење | сребрено доба на латинската книжевност |
Затвори
Негово најважно дело е „Дванаесетте римски цареви“ (De Vita Caesarum) — збирка биографии на дванаесет последователни римски цареви, од Јулиј Цезар до Домицијан, каде, меѓу другото, Светониј дава прво писмено сведоштво за епилептичните напади на Јулиј Цезар. Во другите дела се занимавал со секојдневниот живот во Рим, политика, говорништво, животот на познатите писатели и др. Некои од нив се делумно зачувани, а највеќето се целосно изгубени.