Светско првенство во фудбал 2018
From Wikipedia, the free encyclopedia
Светско првенство во фудбал 2018 — било 21-во Светско фудбалско првенство, меѓународен фудбалски турнир кој се одржува на секој четири години и на кој право на учество имаат сите членки на ФИФА кој ги минале квалификациите. Првенството се одржало во Русија, почнувајќи на 14 јуни и завршувајќи со финалето на 15 јули 2018.
Светско првенство во фудбал 2018 Чемпионат мира по футболу 2018 (Chempionat mira po futbolu 2018)[1] | |
---|---|
Официјално Лого | |
Податоци за првенството | |
Земја | Русија |
Датум на одржување | 14 јуни – 15 јули |
Екипи | 32 (од 6 конфедерации) |
Стадиони | 12 (во 11 градови домаќини) |
Финални резултати | |
Прво место | Франција (2. титула ) |
Второ место | Хрватска |
Трето место | Белгија |
Четврто место | Англија |
Статистики на првенството | |
Број на натпревари | 64 |
Постигнати голови | 169 (2.64 по натпревар) |
Гледачи | 3.031.768 (47.371 по натпревар) |
Голгетер | Хари Кејн (6 гола) |
Најдобар играч | Лука Модриќ |
Најдобар млад играч | Килијан Мбапе |
Најдобар голман | Тибо Куртоа |
Фер плеј награда | Шпанија |
← 2014 2022 → |
Ова бил прв турнир кој се одржал во Русија, и во Источна Европа воопшто, но исто така било и прво светско првенство кое се одржало на два континента. Русија, исто така, станала најголемата земја географски, која ќе биде домаќин на едно светско првенство. На турнирот се натпреварувале 32 репрезентации, вклучувајќи го и домаќинот. Натпреварите биле одиграни на 12 локации во 11 градови.
Финалето на Светското првенство се одржало на 15 јули во Москва на стадионот Лужники,[2][3][4] а во него играле репрезентациите на Франција и Хрватска. Франција победила со резултат 4-2 и вторпат станала светски шампион.