Свршувачка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Свршувачка,[1][2] вршидба[3][4] или вршачка[5][6] — однос во кој двајца се обврзуваат еден на друг пред да се венчаат и истата започнува со запросување. По свршувачката, двојката се свршеници, односно свршеникот е машкиот член, а свршеницата е женскиот член. Свршениците имаат и свои посебни прстени што ги носат наречени свршенички прстени.
Многу традиционални христијански деноминации имаат незадолжителни обреди на христијански свршувачки (исто така познати како „благословување на свршениците“), кои ја благословуваат и потврдуваат намерата на двојката да се венча пред Бога и пред црквата.[7][8][9]