Северна Америка
континент / From Wikipedia, the free encyclopedia
Северна Америка — третиот најголем континент по површина по Азија и Африка и четвртиот по население. Граничи на север со Северноледениот Океан, на исток со северниот Атлантски Океан, на југ со Карипско Море, и на запад со северниот Тихи Океан. Има површина од 24,230,000 квадратни километри (9,355,000 квадратни милји). Во 2001 нејзиното население било околу 454,225,000 жители. Може географски да се определели преку одделување на Јужна Америка од суперконтинентот Америка. И Северна и Јужна Америка се наречени така по Америго Веспучи, кој бил прв Европеец кој открил дека Америка не е источна Индија, туку претходно неоткриен Нов Свет.
Иако Канада, САД, и Мексико географски се наоѓаат во Северна Америка, во Европа често се смета дека Северна Америка ги вклучува Канада и САД, но не и Мексико или било која од државите на Средна Америка, што може да предизвика конфузија. Во Латинска Америка, Америка се смета за еден континент и затоа Северна Америка е само потконтинент составен од Канада, САД и Мексико.
Северна Америка го зафаќа северниот дел на земјената маса нарекувана Нов Свет, западна полутопка или едноставно Америка. Северна Америка се поврзува со Јужна Америка единствено преку Панама и Панамскиот Канал. Според некои, Северна Америка започнува не од Панама, туку од провлакот Тевантепек, со меѓурегионот наречен Средна Америка. Меѓутоа, најчесто се смета дека Средна Америка е дел од Северна Америка, бидејќи е премногу мала за да биде посебен континент.