Северноатлантски леден кит
вид кит / From Wikipedia, the free encyclopedia
Северноатлантски леден кит (Eubalaena glacialis) — еден од првите видови китови што се ловеа во комерцијални цели, а денес е еден од најкритично загрозените видови. Вкупниот број на овие животни денес изнесува околу 500 единки. Тој има темносино-црна боја, освен белите траги на стомакот, изразено свиена уста, а долната челуст има облик на голема лопата. Главата му е покриена со карактеристични делови со тврда, посветла кожа (калосити). Овие калосити им помагаат на научниците во препознавањето на единките. Како и сите китови усани, тој се храни со процедување на храната од морската вода. За таа цел ги употребува ресите, рожните плочки како четка што висат од горната челуст. Северноатлантските ледени китови се хранат на поголеми географски ширини, но во текот на размножување се селат во потоплите води. Речиси идентичниот вид, јужниот леден кит, живее на јужната полутопка. Наспроти двојникот од северот, бројот на јужниот леден кит постепено се зголемува. Денес има околу 5,000 единки.
Северноатлански леден кит[1] | |
---|---|
Мајка со младенче | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Класа: | Mammalia |
Ред: | Cetacea |
Семејство: | Balaenidae |
Род: | Eubalaena |
Вид: | E. glacialis (Müller, 1776) |
Научен назив | |
Eubalaena glacialis | |
Распространетост | |
Синоними | |
|