Селена (пејачка)
американска пејачка (1971–1995) / From Wikipedia, the free encyclopedia
Селена Кинтаниља-Перез (шпански: Selena Quintanilla-Pérez; 16 април 1971 – 31 март 1995), естрадно позната како Селена ― американска пејачка. Таа се нарекува „Кралица на техано-музиката“, а нејзиниот придонес во музиката и модата ја направил една од најпознатите мексиканско-американски музичари од крајот на 20-тиот век. Во 2020 година, магазинот Билборд ја ставил на третото место на нивниот список на „Најдобри латино-музичари на сите времиња“.[3] Медиумите поради нејзиниот избор на облека ја нарекувале „Техано Мадона“.[б 1] Таа, исто така, се вбројува меѓу највлијателните латино-музичари на сите времиња и придонела за катапултирање на техано-жанрот во забавната музика.[8] [9]
Кратки факти Селена, Роден(а) ...
Селена | |
---|---|
Роден(а) | Селена Кинтаниља април 16, 1971(1971-04-16) Лејк Џексон, Тексас, САД |
Починал(а) | март 31, 1995(1995-03-31) (возр. 23) Корпус Кристи, Тексас, САД |
Причина за смрт | Убиство (прострелна рана) |
Споменици | Mirador de la Flor |
Други имиња | Селена Кинтаниља Перез[1][2] |
Занимање |
|
Сопружник | Крис Перез (в. 1992) |
Потпис | |
Страница q-productions.com |
Затвори