Серија А 1997-1998
спортска сезона / From Wikipedia, the free encyclopedia
Серија А 1997-1998 била 96-тата сезона на првата фудбалска лига на Италија, односно 66-та позната под името Серија А. Сезоната започнала на 31 август 1997, а завршила на 16 мај 1998 година.
Серија А 1997-1998 | |||||
---|---|---|---|---|---|
Натпреварување | Серија А | ||||
Спорт | Фудбал | ||||
Издание | 96-то | ||||
Период | од: 31 август 1997 до: 16 мај 1998 | ||||
Држава | Италија | ||||
Резултати | |||||
Шампион | Јувентус 25. титула | ||||
Лига на шампиони | |||||
Куп на победниците на куповите |
|||||
Куп на УЕФА | 4. клуба | ||||
Испаднале | Бреша Аталанта Лече Наполи | ||||
Статистика | |||||
Најдобар стрелец | Оливер Бирхоф (27 гола) | ||||
Одиграни натпревари | 306 | ||||
Постигнати голови | 847 (2,77 по натпревар) | ||||
Фудбалерите на Јувентус го слават освојувањето на титулата. | |||||
Хронологија на натпреварувањето | |||||
|
Екипата на Јувентус влегла како бранител на титулата од сезоната 1996-1997. Бреша, Емполи, Лече и Бари биле новите четири членови откако избориле промоција во Серија Б претходната сезона.
На 10 мај 1998, Јувентус ја одбранил титулата на едно коло пред крајот после победата на домашен терен над Болоња со 3-2, освојувајќи го своето 25-то скудето во клупската историја. Второто место со 5 бодови помалку од шампионот го освоила екипата на Интер и со тоа изборила место во квалификациите за Лигата на шампионите 1998-1999.
Третопласираниот Удинезе, четвртопласираната Рома, петтопласираната Парма и шестопласираната Фјорентина избориле учество во Купот на УЕФА 1998-1999, додека седмопласираниот Лацио како освојувач на Купот на Италија се пласирал во Купот на победниците на куповите 1998-1999. Учество во европските купови уште избориле и екипите на Болоња и Сампдорија, кои следната сезона се натпреварувале во Интертото купот.
Четирите клуба кои испаднале од лигата во оваа сезона биле Бреша, Аталанта, Лече и Наполи.
Најдобар стрелец во лигата во оваа сезона бил Оливер Бирхоф од Удинезе со 27 постигнати гола.