Серија А 2019-2020
From Wikipedia, the free encyclopedia
Серија А 2019-2020 била 118-тата сезона на првата фудбалска лига на Италија, односно 88-ма сезона позната под името Серија А. Сезоната започнала на 24 август 2019, а завршила на 3 август 2020.
Серија А 2019-2020 | |||||
---|---|---|---|---|---|
Натпреварување | Серија А | ||||
Спорт | Фудбал | ||||
Издание | 118-то | ||||
Организатор | Лега Серија А | ||||
Период | од: 24 август 2019 до: 2 август 2020 | ||||
Држава | Италија | ||||
Резултати | |||||
Шампион | Јувентус 36. титула | ||||
Лига на шампиони | |||||
Лига Европа | |||||
Испаднале | Лече Бреша СПАЛ | ||||
Статистика | |||||
Најдобар стрелец | Чиро Имобиле (36 гола) | ||||
Одиграни натпревари | 380 | ||||
Постигнати голови | 1.154 (3,04 по натпревар) | ||||
Хронологија на натпреварувањето | |||||
|
Екипата на Јувентус влегла како бранител на титулата од сезоната 2018-2019. Бреша, Лече и Верона биле новите три членови откако избориле промоција во Серија Б претходната сезона.
Сезоната првично била закажана да трае од 24 август 2019 до 24 мај 2020 година.[1][2] Сепак, на 9 март 2020 година, италијанската влада го прекинала првенството до 3 април 2020 година, поради пандемијата на коронавирус во Италија. Подоцна, лигата била прекината на неодредено време, наведувајќи дека ќе продолжи само ако „здравствените услови тоа го дозволат“.[3] На 18 мај било објавено дека италијанскиот фудбал ќе биде суспендиран до 14 јуни.[4] На 28 мај било објавено дека Серија А ќе продолжи од 20 јуни.[5]
На 26 јули 2020, Јувентус ја одбранил титулата на две кола пред крајот после победата на домашен терен над Сампдорија со 2-0.[6] Со тоа клубот од Торино стигнал до своето 36-то скудето во клупската историја, 9-то едноподруго почнувајќи од сезоната 2011-2012. Второто место со само 1 бод помалку од шампионот го освоила екипата на Интер, која со победа во директниот двобој над Аталанта во последното коло избила пред клубот од Бергамо, кој паднал на третата позиција. Четвртото место на крајот од првенството го освоила екипата на Лацио и со тоа биле комплетирани учесниците во Лигата на шампионите за следната кампања.
Петтопласираната Рома, шестопласираниот Милан, како и седмопласираниот Наполи (кој го освоил Купот на Италија) ќе учествуваат во Лигата на Европа 2020-2021.
Трите клуба кој испаднале од лигата во сезоната биле Лече, Бреша и СПАЛ.
Најдобар стрелец во лигата во оваа сезона бил Чиро Имобиле од Лацио со 36 постигнати гола, со кои го изедначил рекордот на Гонсало Игуаин од сезоната 2015-2016.