![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/49/XiAn_CityWall_DiLou.jpg/640px-XiAn_CityWall_DiLou.jpg&w=640&q=50)
Сиански градски ѕидини
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сиански градски ѕидини (кинески:西安城墙) — ѕидини на градот Сиан, некогашен главен град на Кина. Тие се еден од најстарите, најголемите и најдобро зачуваните градски ѕидини во Кина. Биле изградени за време на владеењето на царот Хонгву, за да го заштитат новоизградениот град Сиан. Тие ги претставуваат „целосните особености на архитектурата на бедемите на феудалното општество“ и биле многупати обновувани од нивната изградба во XIV век. Трипати во раздобје од 200 години, од втората половина на 1500-тите и 1700-тите, а последен пат во 1983 година. Ѕидините опфаќаат област со површина од околу 14 квадратни километри.
Сиански градски ѕидини Сиански бедеми | |
---|---|
西安城墙 | |
![]() Сиански градски ѕидини | |
![]() | |
Општи податоци | |
Вид | Утврдување |
Земја | Народна Република Кина |
Координати | 34.266° СГШ; 108.943° ИГД / 34.266; 108.943 |
Технички податоци | |
Големина | 14 km |
Службен назив: Сиански градски ѕидини | |
Тип: | Културно |
Критериуми: | iii, iv |
Прогласено: | На чекање на 2008 |
Број | |
Област: | На чекање Азија-Пацифик |
Сианските градски ѕидини се вклучени во Националната пробна листа на светско наследство на УНЕСКО под наслов „Ѕидини на династиите Минг и Ќинг“. Во март 1961 биле впишани во списокот на „Национално заштитени големи историски и културни локалитети“ на Националната администрација за културно наследство.