Сивоврановидни
ред птици / From Wikipedia, the free encyclopedia
Сивоврановидни (науч. Coraciiformes) — група или ред на најчесто живописни сродни врапчеви птици која ги вклучува рибарчињата, пупунците, смрдивраните, пчеларките и птиците-носорози. Кај нив обично се среќава синдактилија, при што три прсти се насочени напред (прстите 3 & 4 се споени во нивните основи), иако кај повеќето рибарчиња еден од овие прсти отсуствува.
Мордроврани | |
---|---|
Европска смрдиврана Coracias garrulus | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Инфракласа: | Нововилични |
Ред: | Модроврани Forbes, 1884 |
Семејства | |
Alcedinidae |
Ова е претежно ред од Стариот Свет, додека нивниот број во Новиот Свет е ограничен на десетина или повеќе видови на тоди (Todus sp.) и момоти (Momotidae), како и речиси 90 видови на рибарчиња. Ова е најразновидниот ред судејќи според телесната тежина на птиците, која се движи од 5,5 грама (порторикански тод, Todus mexicanus) до 4,5 килограми тешката ’ртската рогата врана (Bucorvus leadbeateri), секако ова важи за оние класификациски шеми каде птиците-носорози се сметаат за дел од овој ред.
Името Coraciiformes значи „сивоврановидни“, што е збунувачки, бидејќи тие се врапчевидни птици. Поточно, ова име доаѓа од латинскиот збор "corax" што значи сивоврана и "forma" што се додава на крајот од редовите на животни.