Слобода (химна)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Слобода (грузиски: თავისუფლება / Tavisupleba) е државната химна на Грузија. Химната била усвоена во 2004 година, политички настан кога се усвоиле знамето и грбот на Грузија. Сите нови државни симболи биле прифатено откако во државата успешно била срушена претходната владина структура, настан познат под името Револуција на рози. Музиката на химната е заснована на грузиските опери „Абесалом и Етери“ и „Даиси“ од грузискиот композитор Закарија Палијашвили. Текстот на химната бил напишан од Давид Маграѕе.