Советска инвазија на Манџурија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Советската инвазија на Манџурија, формално наречена Манџуриска стратешка офанзивна операција (руски: Манчжурская стратегическая наступательная операция) или само Манџуриска операција (Маньчжурская операция), била советска инвазија на јапонската марионетска држава Манџукуо која започнала на 9 август 1945. Тоа било најголема кампања во Советско-јапонската војна од 1945 година, со која биле обновени непријателствата меѓу Сојузот на Советските Социјалистички Републики и Јапонското Царство по речиси шестгодишен мир. Од 1983 година, инвазијата понекогаш се нарекува Операција августовска бура откако историчарот Дејвид Гланц го употребил како наслов за труд на оваа тема.
Советска инвазија на Манџурија | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Советско-јапонската војна во Втората светска војна | |||||||||
Советски придобивки во североисточна Азија, август 1945 година |
|||||||||
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
Заедно со Црвената армија во тоа време дејствувала и Монголската народна револуционерна армија. Советите ги окупирале Манџукуо, Менгѓанг (сега Внатрешна Монголија) и северна Кореја. Влезот на Советите во војната и поразот на Квантуншката армија биле значаен фактор во одлуката за безусловно предавање на јапонските власто, бидејќи станало очигледно дека Советскиот Сојуз нема намера да посредува како трета страна во преговорите по Потсдамскиот ултиматум.[1][2][3][4]