Сокотра
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сокотра (арапски: سقطرى Suquṭra) е мал архипелаг составен од четири острови во Индискиот Океан. Најголемиот остров, исто така наречен Сокотра, зафаќа 95% од површината на архипелагот. Се наоѓа на околу 240 километри (150 mi) источно од Рогот на Африка и 380 километри (240 mi) јужно од Арапскиот Полуостров. Островот е многу изолиран и преку процесот на видообразба една третина од растителниот живот на него не се наоѓа на ниедно друго место на планетата. Многупати е опишуван како највонземјанското место на Земјата.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Познат и како سُقُطْرَى Suquṭra | |
---|---|
Сателитски поглед на Сокотра | |
Географија | |
Место | Индиски Океан |
Координати | 12°30′36″N 53°55′12″E |
Архипелаг | Острови на Сокотра |
Вкупно острови | 4 |
Поголеми острови | Сокотра, Абд ел-Кури, Самха, Дарса |
Управување | |
Јемен | |
Гувернат Hadhramaut | |
Области на Јемен | Хадибу (на исток) Qulansiyah wa 'Abd-al-Kūrī (на запад) |
Најголема населба | Хадибу (pop. 8,545) |
Демографија | |
Население | 42,842 (2004 census) |
Етнички групи | претежно Арапи; но и Афро-Арапи, Јужно Азијци, Сомалијци и Европејци |
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Ендемско дрво дрво Dracaena cinnabari | |
Критериум | Природен: x |
Навод | 1263 |
Запис | 2008 (XXXII заседание) |
Сокотра припаѓа на Република Јемен. Долго време била дел од ‘Adan Governorate, но од 2004 година му припаднала на Hadhramaut Governorate, кој е многу поблиску до островот отколку што е 'Adan (иако најблискиот гувернат до островот е Ал Mahrah).
Првично на Сокотра актуелна била обработката на Oldoway (или Oldowan). Oldoway биле наречени камените орудија пронајдени во околината на Hadibo од страна на VA Zhukov, член на Russian Complex Expedition во 2008 година.
Сокотра се појавува како Dioskouridou (The Island of Dioskourides) во Periplus of Erythraean Sea (книга од анонимен грчки автор од првата половина на I век н.е. за трговските пловидби во тоа време). GWB Huntingford во записите од неговиот превод на Periplus забележува дека името Сокотра нема грчко потекло туку потекнува од индо-ариевскиот јазик Sanskrit, dvipa sukhadhara ("остров на блаженство"). Неодамна пронајдените текстови на неколку јазици заедно со една дрвена плоча во Palmyrene што датира од 3 век н.е. укажуваат на тоа дека луѓето кои ја користеле Сокотра како трговска база во антиката биле од различно потекло.
Локалната традиција вели дека тогашните жители ја примиле христијанската вера од апостол Тома во 1052 г. од н.е. Во 10 век арапскиот географ Abu Muhammad al-Hasan al-Hamdani изјавил дека во негово време повеќето жители биле христијани. Сокотра е исто така спомната и во „Патувањата на Марко Поло”, каде пишува дека граѓаните се крстени христијани и имаат ,архиепископ' , а за тој, архиепископот, понатаму во книгата е објаснато дека немал никаква врска со римскиот Папа, туку е подреден на архиепископ што живее во Багдад ". Тие биле Nestorians но исто така практикувале древни ритуали и магии и покрај предупредувањата од нивниот архиепископ.
Во 1507 година една флота под команда на Tristão da Cuhna и Afonso де Albuquerque ги истоварила своите окупаторски трупи на територијата на тогашниот главен град на Suq. Нивната цел била португалската војничка база да ја запре арапската трговија од Црвеното Море до Индискиот Океан, и да ги ослободат претпоставените пријателски христијани од исламската власт. Тогаш тие почнале да утврдуваат град на ова место. Меѓутоа по некое време сфатиле дека не се така ентузијастички прифатени како што очекувале, па четири години подоцна го напуштиле островот. На островот исто така се истовариле и сомалиски морнари.
Островите биле под контрола на Mahra sultans во 1511 година. Подоцна, во јануари 1876 година, тие биле ставени под британски протекторат заедно со дел од the Mahra State на Qishn и Сокотра, што за британците претставувало важен стратешки чекор нанапред. Бродот Aden на P & O потонал по бродолом што го доживеал на гребен во близината на Сокотра во 1897 година, при што 78 луѓе ги загубиле своите животи.
Во октомври 1967 година султанатот Mahra бил укинат. На 30 ноември 1967 година Сокотра станала дел од Народна Република Јужен Јемен (за подоцна да стане Народна Демократска Република Јемен). Денес овој остров е дел од Република Јемен.