Сончева дамка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сончеви дамки — привремени појави на фотосферата на Сонцето кои се видливи како темни дамки споредени со околните региони. Тие одговараат на концентрацијата на флуксот на магнетно поле и резултираат во намалена температура споредена со околната фотосфера. Обично се јавуваат во парови, со парни членови со спротивна магнетна поларност. Бројот на сончеви дамки варира во согласност на 11 годишниот циклус.
| ||||
|
Поединечни сончеви дамки траат од неколку дена до неколку месеци, кои на крај се изродуваат. Дамките се шират и контрахираат како што се движат по површината на сонцето со пречник кој варира од 16км до 160000км. Поголемиот тип се видливи од земјата без телескоп. Се движат со релативна брзина од неколку стотици метри во секунда кога ќе се појават.