![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/e3/Magnificent_CME_Erupts_on_the_Sun_-_August_31.jpg/640px-Magnificent_CME_Erupts_on_the_Sun_-_August_31.jpg&w=640&q=50)
Сончев блесок
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сончев блесок — ненадеен блесок на светлина набљудуван во близина на површината на Сонцето. Тоа подразбира многу широк спектар на емисии, при што се исфрла енергија и до 6 џ×1025 џули (приближно еквивалентно на 160.000.000.000 мегатони ТНТ, што е за споредба 25 000 пати погомела енергија ослободена при судирот на кометата Шумејкер-Леви 9 со Јупитер ). Блесоците се чести, но не секогаш се придружени со спектакуларно исфрлање на плазма од короната. Блесокот исфрла облаци од електрони, јони, и атоми низ корона на Сонцето во вселената. Овие облаци обично стигнуваат до Земјата еден или два дена по настанот. Овој термин исто така се користи за слични појави кај други ѕвезди, каде што се нарекува ѕвезден сјај.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/e3/Magnificent_CME_Erupts_on_the_Sun_-_August_31.jpg/640px-Magnificent_CME_Erupts_on_the_Sun_-_August_31.jpg)
сончевите блесоци влијаат на сите слоеви на сончевата атмосфера (фотосферата, хромосферата и короната), кога плазмата како медиум се загрева до десетици милиони Келвини, додека космичките зраци како електроните, протоните и потешките јони се забрзуваат скоро до брзината на светлината. Тие зрачат на сите бранови должини од електромагнетниот спектар, од радио бранови до гама-зраци, иако поголемиот дел од енергијата се шири со честоти надвор од видливиот спектар и затоа поголемиот дел од блесоците не се видливи за голо око и може да бидат забележани само со посебни инструменти. Блесоците сејавуваат во активни региони околу сончевите дамки, каде интензивните магнетни полиња пенетрираат во фотосферата и ја поврзуваат короната со внатрешноста на Сонцето. Блесоците се напојуваат од ненадејното (времетраење од неколку минути до десетици минути) ослободување на магнетна енергија складирано во короната. Исти вакви ослободувања на енергија може да произведе таканареченото Коронарно исфрлање на маса/плазма (CME), иако односот помеѓу CME блесоците и сончевите блесоци сè уште не е добро разјаснет.
Х- зраците и УВ зрачењето емитирани од сончевите блесоци може да влијаат на Земјината јоносфера и да ја нарушат радио комуникацијата со долг домет. Директните радио емисии со бранови должини од редот на дециметри може да го нарушат функционирањето на радари и други уреди кои ги користат овие честоти.
сончеви блесоции биле забележани за првпат од Кристофер Ричард Карингтон и независно од страна на Ричард Хоџсон во 1859 година [1] како локализирани видливи светли мали површини во група сончеви дамки. Ѕвездените блесоци може да се појачаат при гледање во светлосни криви добиени од телескоп или сателитски податоци од разни други ѕвезди.
Зачестеноста на појавата на сончеви блесоци варира, од неколку на ден кога Сонцето е особено "активно", на помалку од еден неделно, кога Сонцето е "тивко",следејќи го 11-годишниот циклус (сончевиот циклус). Големите блесоци се поретки отколку помалите.
На 23 јули 2012 година, масивен, и потенцијално штетен, сончев блесок (сончев блесок, сончева супербура, solar EMP) одвај успеа да ја промаши Земјата, според НАСА.[2][3] Според НАСА, има околу 12% шанса да се случи сличен настан помеѓу 2012 и 2022 година,[2] аиако бидејќи оваа бројка е основана на екстремна екстраполација на пресметаната честотата на идните бури, вистинската веројатноста за тоа е речиси сигурно помала од 12 проценти.