Список на знаменитости во Старата скопска чаршија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ова е список на знаменитости коишто се наоѓаат или историски се наоѓале на просторот на Старата скопска чаршија. Некои од нив денес се сместени надвор од границите на чаршијата, утврдени со Законот за Старата скопска чаршија од 2008 година, но низ историјата биле дел или имале голема улога во нејзиното создавање и развој. Повеќето од наведените знаменитости се со статус на заштитено културно добро.
Најголем број од знаменитостите биле подигнати во периодот кога чаршијата била под отоманска власт, иако постојат и такви коишто постоеле и преттоа (пр. Скопско кале) или биле изградени во поново време (пр. Музеј на Македонија). Главно, станува збор за верски објекти (џамии и цркви) и објекти карактеристични за османлиската архитектура (анови и амами), додека помал е бројот на останатите видови на градби. Според тоа, кај најголем дел од нив се среќава употребата на архитектонски стил препознатлив за османлиската архитектура, но забележливи се и остатоци од византиската и влијанија од модерната архитектура.