Список на најскапи трансфери во Серија А
From Wikipedia, the free encyclopedia
Следува списокот на најскапите трансфери во италијанската фудбалска Серија А, односно трансферите на играчите кој за најголема сума бил доведени во некој од италијанските фудбалски клубови.
Списокот е затворен заклучно со летниот трансферен прозорец во 2016 година.
Моментален рекордер е португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо, кој во летото 2018 се преселил од Реал Мадрид во Јувентус за 100 милиони евра. По него следува аргентинскиот напаѓач Гонсало Игуаин, чиј трансфер од Наполи во Јувентус во летото 2016 година го чинел клубот од Торино 90 милиони евра, а на третото место се наоѓа уште еден напаѓач од Аргентина, Ернан Креспо, кој во летото 2000 година преминал од Парма во Лацио за 55 милиони евра. Четвртото место го држи Џанлујџи Буфон, трансфер во летото 2001 кога за 53 милиони евра се преселил од Парма во Јувентус со што станал најскапо платениот голман во историјата на фудбалот и како таков останал цели 17 години сè до летото 2018.