Српски епски народни песни
From Wikipedia, the free encyclopedia
Српските епски народни песни се облик на епска поезија. Ги создавале Србите на сите територии кои ги населувале во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Македонија. Постојат повеќе циклуси на српски епски народни песни, а главните од нив се создадени од непознати автори помеѓу 14 и 19 век. Епските песни како мотив најчесто ги обработуваат историските настани и личности. Најчесто се изведуваат проследени со музика од народниот музички инструмент гусла.
Уметност | |
---|---|
Книжевност • Музика • Театри • Сликарство • Фотографии • Кинематографија | |
Традиција | |
Народни обичаи • Народна носија • Игри • Кујна • Сродни односи • Религија • Хералдика • Епска поезија | |
Споменици | |
Културно наследство • Музеи • Архитектура • Тврдини • Манастири • Светско наследство • Воени гробишта | |
Разно | |
Познати Срби • САНУ • Спорт • Дигитализација |
Српската епска народна поезија дала голем придонес за развојот на српската национална свест.[1] Циклусите на песни за Крал Марко, за ајдуците и ускоците, со величење на херојското минато и јунаците, ги инспирирало поколенијата на Срби за борбата за ослободување од турското ропство.[1] Ајдуците кои најчесто биле опеани биле составен дел од националниот идентитет и во песните и во приказните тие биле јунаците кои го бранеле народот од османското ропство и го подготвувале за борба за национално ослободување, а кои и самите учествувале во двете големи српски востанија.[2]