Стадион Балмор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Балмор (исто така познат како Стадион Балмур; Balmoor Stadium) ― фудбалски стадион во шкотскиот град Питерхед, Абердиншир. Тоа е дом на ФК Питерхед. Стадионот има сместивост од 3,150[1] гледачи, од кои 1.000 можат да седат.[2]
Поглед кон источната трибина на Балмор | |
Местоположба | Питерхед, Шкотска, Обединето Кралство |
---|---|
Координати | 57°30′42.10″N 1°47′45.05″W |
Сопственик | ФК Питерхед |
Сместивост | 3,150[1] (1,000 со седишта) |
Рекордна присутност | 4,855 (против Ренџерс, 20 јануари 2013) |
Големина на теренот | 96 × 64 метри |
Површина | Трева |
Отворен | 1997 |
Корисници | |
ФК Питерхед |
Стадионот бил отворен во 1997 година, откако стариот стадион на ФК Питерхед бил продаден на стопанското друштво на супермаркети Safeway.[3] Стандардот на составните простории во Балмор бил еден од главните причини зошто Питерхед бил избран во Шкотската фудбалска лига во 2000 година,[3] заедно со Елгин Сити.
Рекордна посетеност на Балмор е 4.855, за натпревар од третата лига на Шкотска фудбалска лига против Ренџерс на 20 јануари 2013 година.[4] Ова го соборило претходниот рекорд од 4.505 луѓе.[5]
Најблиската железничка станица до Балмор е Железничката станица „Абердин“, која е 51 км далеку.[3] Ова е најголемото растојание помеѓу фудбалскиот терен за сениорска лига и најблиската железничка станица во Велика Британија.[3] Балмор се наоѓа на патот А982, северно од средиштето на градот Питерхед.[3]