Субраманијан Чандрасекар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Субраманијан Чандрасекар (тамилски: சுப்பிரமணியன் சந்திரசேகர்; 19 октомври 1910 – 21 август 1995 ),[1] — индиски астрофизичар роден во Лахор кој, заедно со Вилијам Фаулер, во 1983 бил награден со Нобелова награда за физика поради неговата математичка теорија за црните дупки, која а клучно откритие што довело до моментално прифатената теорија на подоцнежните развојни фази на масивните ѕвезди.[2][3] Чандрасекаровата граница е именувана во негова чест.
Субраманијан Чандрасекар சுப்பிரமணியன் சந்திரசேகர் | |
---|---|
![]() Субраманијан Чандрасекар | |
Роден(а) | 19 октомври 1910(1910-10-19) Лахор, Британска Индија |
Починал(а) | 21 август 1995(1995-08-21) (возр. 84) Чикаго, Илиноис, САД |
Живеалиште | САД |
Државјанство | Британски Индиец (1910-1947), Индиец (1947-53), Американец (1953-1995) |
Полиња | астрофизика |
Установи | Чикашки универзитет Кембрички универзитет |
Образование | Претседателски колеџ колеџ „Тринити“ |
Докторски ментор | Ролф Х. Фовлер, Артур Стенли Едингтон |
Докторанди | Доналд Едвард Остерброк, Роланд Винстон, Џереми П. Острикер, Џером Кристиан, Јусеф Собути |
Познат по | Чандрасекарова граница |
Поважни награди | Адамова Награда (1948) Нобелова награда за физика (1983) Коплиев медал (1984) Национален медал за наука (1966) Кралски медал (1962) Падма Вибхушан (1968) Хајнеманова награда (1974) |
Чандрасекар во различни периоди работел во различни области, вклучувајќи ѕвездената структура, теоријата за белите џуџиња, ѕвездената динамика, теоријата за пренос на зрачењето, квантната теорија на водородниот анјон, хидродинамичка и хидромагнетна стабилност, рамнотежа и стабилност на елипсовидни фигури при рамнотежа, општа релативност, математичка теорија за црни дупки и теоријата на судир на гравитациски бранови.[4] На Кембричкиот универзитет, тој развил теориски модел за објаснување на структурата на белите џуџиња, кај кои се земала предвид релативистичката промена на масата со брзините на електроните кои ја сочинуваат изродената материја. Тој покажал дека масата на белото џуџе не може да има маса поголема од 1,44 маси на Сонцето, или т.н. Чандрасекарова граница. Чандрасекар ги прегледал моделите за ѕвездената динамика чиј автори бииле Јан Орт и други, при што ги земал предвид ефектите на променливите гравитациски полиња во рамките на Млечниот Пат на ѕвезди кои се во вртежен танц околу галактичкиот центар. Неговото решение за овој сложен динамички проблем кој се состои од дваесет парцијални диференцијални равенки, кои опишувале ново својство кое го нарекол „динамичко триење“, кое го има двојното дејство за намалување на брзинта на движење на ѕвездите и помага при стабилизација на ѕвездените јата. Чандрасекар ја проширил оваа анализа и на меѓуѕвездената средина, покажувајќи дека облаците од галактичкиот гас и прашина се распределуваат многу нерамномерно.
Чандрасекар студирал на Претседателскиот колеџ и Кембричкиот универзитет. Тој го поминал поголемиот дел од својата кариера на Чикашкиот универзитет, поминувајќи го времето во Јеркската опсерваторија, и бил уредник на The Astrophysical Journal од 1952 до 1971. Тој работел на Чикашкиот универзитет од 1937 сè до неговата смрт во 1995 година на возраст од 84 години.
Чандресакар стапил во брак со Лалита Дорисвеми во септември 1936 година. Тој ја запознал на Претседателскиот колеџ.
Чандрасекар бил внук на Сер Чандрасекара Венката Раман, кој е добитник на Нобеловата награда по физка во 1930 година.
Тој станал натурализиран граѓанин на САД во 1953 година.