From Wikipedia, the free encyclopedia
Сува клима или аридна клима — имаат регионите со сериозен недостаток на достапна вода, до степен што се попречува или спречува растот и развојот на растителниот и животинскиот свет. Регионите со сува клима претежно немаат вегетација и се нарекуваат ксерични или пустински. Повеќето вакви клими се протегаат по екваторот; овие региони вклучуваат делови од Африка, Азија, Јужна Америка, Северна Америка и Австралија.
Распределбата на сувата клима во голема мера е резултат на општата циркулација на атмосферата, која значително се менува со текот на времето преку климатските промени. На пример, зголемувањето на температурата за 1,5-2,1 отсто низ басенот на Нил во текот на следните 30-40 години би можело да ја промени климата на регионот од степска во сува клима, со што значително ќе се намали земјиштето кое може да се употребува во земјоделството. Дополнително, промените во користењето на земјиштето можат да ги зголемат барањата за вода на почвата и со тоа да ја зголемат застапеноста на сувата клима.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.