Талински Залив
залив во Естонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Талински Залив (естонски: Tallinna laht) — залив во Естонија, во јужниот дел на поголемиот Фински Залив. Наречен е по главниот град, Талин, кој е сместен на неговиот јужен брег.
Самиот залив е поделен на неколку дела: Талинско Сидриште (Tallinna reid), Коплиски Залив, Какумјавски Залив и Палјасарски Залив. По северната граница на заливот се сместени островите Најсар и Аегна, а источната граница ја образува полуостровот Вимси.
Крајбрежните води се плитки, но нагло стануваат длабоки. Стрмното дно овозможува добра размена на водите меѓу Талинскиот и Финскиот Залив.[1] Ова е еден од најдлабоките заливи во Естонија, и достигнува 100 м.[2]
Стариот дел на градот (Ваналин) е сместен крај засолнетиот дел на заливот, на кој излегува патничкото пристаниште.[1] Палјасарскиот Залив и Бекерското пристаниште кај Коплискиот Залив се неманети за товарни пловила. На бреговите има неколку јавни плажи: Пирита, Строми, Какумјае и Пикакари.