Танго
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тангото е социјална игра која потекнува од Буенос Аирес, Аргентина и Монтевидео, Уругвај. Тангото се појавува пред втората половина на 19 век, со текот на времето се усовршува и добива повисок социјален статус и популарност кај народот. Mузичките стилови кои еволуирале заедно со играта исто така се познати како танго. Првобитно тангото било познато како tango criollo или едноставно танго. Денес, постојат неколку стилови на танго, вклучувајќи Аргентинско танго, Ballroom танго, Финско танго, Кинеско танго и класично танго. Најчесто Аргентинското танго се поврзува со „автентичното танго“ затоа што е најблиску до играта која што е играна во Аргентина и Уругвај, иако другите видови на танци се развиле во „самостојни“ танци во свој правец. Музиката и танцовите елементи на тангото се популарни во активности поврзани со играњето како уметничко лизгање, синхронизирано пливање, итн. поради драматичното чувство и поврзувањето на тангото со романсата и љубовта.