Таписерии од Обисон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Таписериите од Обисон — таписерии произведени во Обисон, во горната долина на Крез во средишна Франција. Поимот често зафаќа слични производи направени во блискиот град Фелетен. Индустријата веројатно се зголемила веднаш по 1300 година со разбои во семејните работилници,[1] и веќе биле управувани од Фламанците што било забележано во документите од 16 век.
Таписериите од Обусон во 18 век успеале да се натпреваруваат со кралското производство на таписериите од Гобелен и привилегираната позиција на таписеријата од Бове.[2]
Во 2009 год. „Таписериите од Обисон“ биле впишани на Репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото од УНЕСКО. Во тоа време индустријата поддржувала три работилници и десет или нешто хонорарни ткајачи.[3]