Тенгу
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тенгу (јап. 天狗code: ja is deprecated ) се вид на легендарно суштество од јапонската народна религија. Тие се сметаат за еден вид на јоокаи (натприродни суштества) или Шинто ками (богови). Најпрво, за тенгу се сметало дека го заземале обликот на грабливи птици, и тие се традиционално претставени со човечки и авијатички особености. Најраните тенгу биле замислени со клунови, но оваа особина често била антропоморфно претставена како неприродно издолжен нос (врвот на носот), што денес нашироко се смета за дефинитивна одлика на тенгу во популарните адаптации. Паралелно, тие се поврзуваат со суштеството Гаруда (Санскрит: गरुड़ Гаруд; Пали: गरुळ Гарул), легендарна птици или суштество слично на птица во Хинду, Будистичката и Џаин митологијата, и под влијание на Сарутахико Ооками, домородно Шинто божество.
Во Будизмот, долго се сметало дека тенгу биле напаѓачки демони и предвесници на војната. Нивната слика постепено омекнала, но сепак, претворајќи се во едни од заштитниците, можеби и опасни, духови на планините и шумите. Тенгу се поврзани со аскетската пракса на Шугендоо, и тие се обично прикажани во облеката на своите следбеници - јамабуши.