Терма (град)
старомакедонски град, претходник на Солн / From Wikipedia, the free encyclopedia
Терма — град во античка Мигдонија основан од Еритрејците или Коринтјаните кон крајот на 7. век п.н.е., кој подоцна станал дел од Кралството Македонија. Се наоѓал во северозападниот дел на големиот залив во Егејското Море, Термајскиот Залив.
Градот подоцна бил преименуван во Тесалоника од страна на македонскиот крал Касандар според името на својата жена Тесалоника, полусестрата на Александар Македонски, ќерка на Филип II Македонски.[1]