Најголемите парчиња тефра (поголеми од 64 мм) се нарекуваат
вулкаснки блокови и
бомби.
Блоковите и
бомбите, вообичаено се испукуваат балистички од вулканот. Бидејќи овие фрагменти се толку големи, обично паѓаат во близина на нивниот извор. Можат да бидат тешки од 8 до 30
тони и можат да одлетаат најдалеку до 1
км од нивниот извор. Малите
блокови и
бомби од лава можат да одлетаат од 20 до 80
км во далечина со брзина од 75 до 200
м/
с. Помалите исфрлени објекти како што се
лапилите (2-64
мм) и пепелта (<2
мм) кои се конвектирани нагоре од топлината која настанува при процесот на ерупција, паѓаат на поголема далечина од вулканот. Повеќето честички кои се поголеми од
милиметар паѓааат во интервал од 30
мин по исфрлувањето. Најмалите честички, помали од 0,01
мм, можат да останат во атмосферата и до две или три години по вулканската ерупција.
[2] Кога големи количества на тефра се акумулираат во атмосферата од масивни вулкански ерупции (или од мноштво помали ерупции кои се случуваат истовремено), тогаш тие можат да ја рефлектираат светлината и топлината од сонцето назад низ атмосферата, во некои случаи предизвикувајќи температурата да се намали, што резултира со таканаречената „вулканска зима“.
[3] Тефра измешана со дожд може да предизвика кисели врнежи и снег.
[3] Некои научници сметаат дека овие честички придонесуваат за глобалното затоплување.
[2]