Тимотеј Ефески
светец и епископ, ученик на Апостол Павле / From Wikipedia, the free encyclopedia
Апостол Тимотеј Ефески (старогрчки: Τιμόθεος; 17 - 97) — ранохристијански евангелист, маченик и прв христијански митрополит на Ефес[4].
Тимотеј Ефески | |
---|---|
Икона на апостолот Тимотеј | |
епископ, свештеномаченик | |
Роден(а) | 17, Листра |
Починал(а) | 97, Македонија |
Почитуван(а) во | православие римокатолицизам древноисточни цркв. англиканство лутеранство |
Слава | 4 февруари (22 јануари с. ст.) (православие) 26 јануари (римокатолицизам, лутеранство) 24 јануари (некои месни календари и општоримскиот пред 1970 г. 23 тиби (коптско православие)[1] 27 тиби (пренесување на моштите — коптско православие)[2] |
Обележја | крлук[3] |
Заштитништво | против цревни заболувања |
Тимотеј е важен за како учесник во мисијата на апостолот Павле во Македонија, но и како независен деец на христијанизацијата заедно со другите апостоли.
Роден е во ликаонскиот град Листра (кај денешна Конија) во Мала Азија, во семејство на мајка Еврејка преобратена во христијанство и татко Грк. Се запознал со Павле за време на второто мисионерско патување и станал негов сопатник и соработник заедно со Сила.[5] Во Новиот завет е изложено дека Тимотеј патувал заедно со Апостол Павле и бил негов ученик, и ја уживал неговата доверба, доверувајќи му важни задачи. Познат е и по Првото и Второто послание до Тимотеј упатени нему.