Трка околу Фландрија 2017
издание 2017 на велосипедската Трка околу Фландрија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Трка околу Фландрија 2017 — 101. издание на велосипедската еднодневна трка Трка околу Фландрија, која се одржала на 2 април како тринаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 101. Трка околу Фландрија | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2017 1.UWT | ||
Датум | 2 април 2017 | ||
Растојание | 260 км | ||
Држава | Белгија | ||
Поаѓалиште | Антверпен | ||
Одредиште | Ауденарде | ||
Екипи | 25 | ||
Возачи на почеток | 198 | ||
Возачи на крај | 121 | ||
Просечна брзина | 40,651 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Филип Жилбер (Квик-Степ Флорс) | ||
Второпласиран | Грег ван Авермат (БМЦ Рејсинг Тим) | ||
Третопласиран | Ники Терпстра (Квик-Степ Флорс) | ||
◀2016 | 2018▶ | ||
Документација |
Трката била освоена од белгискиот национален првак Филип Жилбер од екипата Квик-Степ Флорс,[3] откако нападнал сам на Ауде Кваремонт и се одржал пред групата во останатите 55 километри.[4] Второто место му припаднало на уште еден Белгиец, Грег ван Авермат од Ванти-Груп Гобер, победувајќи ги холандските возачи Ники Терпстра (Квик-Степ Флорс) и Дилан ван Барле од Канондејл-Драпак во трочлен спринт за подиум.