Трол (истражувачка станица)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Трол — норвешка истражувачка станица која се наоѓа во Јутулсесен, 235 километри од источниот дел на Брегот на Принцезата Марта во Земја на Кралицата Мод, Антарктик. Таа е единствената норвешка истражувачка станица на Антарктикот која се опслужува цела година и е дополнета со станицата Тор само за лето. Трол е управувана од Норвешкиот Поларен Институт и исто така има капацитети за Норвешкиот Метеоролошки Институт и Норвешкиот институт за истражување на воздухот.
Трол | |
---|---|
Антарктичка станица | |
Станица „Трол“ | |
Земја | Норвешка |
Антарктик | Јутулсесен Земја на Кралицата Мод Антарктик |
Управувана од | Норвешки Поларен Институт |
Оснавана | 1990 (1990) |
Надм. вис. | &100000000000000012749991,275 м |
Население | |
• Вкупно |
|
Час. појас | CEST (март-октомври)[1] (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | GMT (октомври-март) (UTC+0) |
Вид | Цела година |
Период | Годишен |
Статус | Оперативен |
Мреж. место | Troll Station Norwegian Polar Institute |
Трол | |
---|---|
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 408: Malformed coordinates value | |
Општи податоци | |
Вид | Модуларна |
Место | Јутулсесен Земја на Кралицата Мод |
Координати | 72°00′41″S 2°32′06″E |
Надм. височина | 1,270 метарs (4,170 ст) |
Сегашни станари | Норвешки Поларен Институт |
Пуштена во употреба | 17 февруари 1990 11 февруари 2005 |
Технички податоци | |
Подна површина | 400 m2 (4,300 sq ft) |
Проектирање и изградба | |
Главен изведувач | AF Gruppen |
За разлика од повеќето други истражувачки станици на континентот, станицата „Трол“ е изградена на снежната падина на цврста карпа што се пробива низ ледената покривка во Јутулсесен, сместена на 1.275 метри над средното ниво на морето. Станицата била отворена како станица само за лето во 1990 година и пуштена во употреба како целогодишна станица во 2005 година. Има капацитет за презимување од осум лица и летен капацитет од 40 лица. Го опслужува аеродромот Трол, кој е основа за копнената воздушна мрежа Дронинг Мауд (ДРОМЛАН).