Туризам во Турција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Туризмот во Турција е фокусиран во голема мера на различни историски места, како и на поморските летувалишта долж бреговите на Егејското и Средоземното Море. Турција, исто така, станала популарно одредиште за култура, спа и здравствена заштита.
На својот врв во 2014 година, Турција привлекла околу 42 милиони странски туристи, рангирајќи ја како шесто најпопуларно туристичко одредиште во светот.[1]. Сепак, овој број се намалил на околу 36 милиони во 2015 година, и на околу 25 милиони во 2016 година[2][3]. Сепак, заздравувањето започнало во 2017 година, со зголемување на бројот на странските посетители до 32 милиони[4][5].