Туркменистан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Туркменистан (туркменски: Türkmenistan), или претходно Туркменија[4] — држава во Средна Азија. Сè до 1991 година, таа била дел од СССР. Туркменистан се граничи со Авганистан на југоисток, со Иран на југозапад, со Узбекистан на североисток, со Казахстан на северозапад и со Каспиското Езеро на запад. Државата е континентална и нема излез на отворено море. Името на државата доаѓа од персиско потекло и значи „земјата на Туркмените“. Главен град на Туркменистан е Ашхабад. Членка е на ОН од 2 март 1992.
Туркменистан Türkmenistan (туркменски)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Независна, неутрална, туркменистанска државна химна |
||||||
Главен град (и најголем) | Ашхабад 37°58′N 58°20′E | |||||
Службен јазик | туркменски | |||||
Интеретнички јазици | руски | |||||
Народности (2003) | ||||||
Демоним | Туркмен | |||||
Уредување | Претседателска република | |||||
• | Претседател | Сердар Бердимухамедов | ||||
Независност | од СССР | |||||
• | Објавена | 27 октомври 1991 | ||||
• | Призната | 8 декември 1991 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 488,100 км2 (52-ра) | ||||
• | Вода (%) | 4.9 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за декември 2006 г. | 5,110,023 (112-та) | ||||
• | Густина | 9.9 жит/км2 (208-ма) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $30.091 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $5.710[2] | ||||
ИЧР (2013) | ▲ 0.698[3] среден · 103та |
|||||
Валута | Манат (TMT ) |
|||||
Часовен појас | TMT (UTC+5) | |||||
• | (ЛСВ) | н/п (UTC+5) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .tm | |||||
Повик. бр. | 993 |
Туркменистан е претседателска република. Од јануари 2013 претседател на републиката е Гурбангул Бердимухамедов. Државата се дели на 6 административно-територијални единици, 5 кои се вилаети, 1 - град кој има право на вилает.
Мнозинството од населението се муслимани.
Туркменистан е четврта држава во светот по Производство на природен гас. Има втори по големина резерви на гас во светот.
Независноста на државата беше прогласена на 27 октомври 1991. Пред тоа, 69 години беше членка на СССР.