Тјурингова награда
информатичка награда / From Wikipedia, the free encyclopedia
Тјурингова награда (англиски: Turing Award, формално: ACM A.M. Turing Award) — престижна награда која ја доделува Здружението за сметачка машинерија (ACM) на личности со придонеси од „голема и трајна техничка важност на полето на информатиката“.[2] Наградата важи за највисокото прознание што може да го добие еден информатичар[3][4] и неформално се смета за „Нобелова награда за информатика“.[5][6]
Тјурингова награда ACM Turing Award | |
---|---|
Статуа на Алан Тјуринг во Блечли Парк | |
Доделена за | исклучителни придонеси на полето на информатиката |
Држава | Њујорк, (САД) |
Доделува | Здружение за сметачка машинерија (ACM) |
Награда/и | 1.000.000 долари[1] |
Прво доделување | 1966 |
Мрежно место | {{URL|example.com|незадолжителен текст за приказ}} |
Наречена е во чест на британскиот математичар Алан Тјуринг (1912-1954) и академски работник во Манчестерскиот и Кембричкиот уинверзитет. Тјуринг се смета за основоположник на теоретската информатика и вештачката интелигенција.[7] Од 2007 до 2013 г., заедно со наградата се доделувале и 250.000 американски долари, со парична помош од „Интел“ и „Гугл“.[2] Почнувајќи од 2014 г. паричниот дел од наградата е накачен на милион долари,[1] со парична помош исклучиво од „Гугл“.[8]
Прв добитник на наградата (1966) бил Алан Перлис од универзитетот „Керниги Мелон“, а прва жена-лауреат (2006) била Френсис Елизабет Ален од ИБМ.[9][10][11]