УЕФА Лига на шампиони 1993/94
From Wikipedia, the free encyclopedia
УЕФА Лига на шампиони 1993/94 — втора сезона на најсилното натпреварување на европските фудбалски клубови под името УЕФА Лига на шампиони и 39 сезона од основањето на натпреварувањето.
Податоци за купот | |
---|---|
Датуми | 18 август 1993 — 18 мај 1994 |
Екипи | 32 (42 со квалификациите) |
Финале | |
Шампиони | Милан (5. титула) |
Вице-шампион | Барселона |
Статистики за купот | |
Одиграни натпревари | 75 |
Постигнати голови | 214 (2.85 по натпревар) |
Најдобар стрелец(и) | Роналд Куман Винтон Руфер (8 голови) |
Финалето било одиграно на 18 мај 1994 на олимпискиот стадион во Атина, каде што Милан со резултат 4:0 издвоил победа над Барселона, со тоа освојувајќи го вкупно својот петти трофеј во ова натппреварување.
На бранителот на титулата од претходната сезона, Олимпик Марсеј не му било дозволено учеството поради скандалот околу наместените натпревари во државното првенство од претходната сезона. Клубот поради тоа бил исфрлен во втората лига, а исто така му била одземена и титулата од првата француска лига.
За разлика од претходната сезона, оваа сезона по натреварувањето во групи било одиграно и полуфинале, каде што победникот се одлучувал во еден меч.