Ужасите на војната (Гоја, 1810 - 1815)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ужасите на војната (шпански: Los desastres de la guerra) — циклус од 82 графики на шпанскиот сликар Франсиско де Гоја, создаден помеѓу 1810 и 1815 година[1].
Графиките содржат бројни мотиви, детали и ликовни размислувања за суровостите и бесмислата на злосторствата направени во време на Шпанско-француската војна односно во војна за независност на Шпанија.
За време на животот на Гоја, биле отпечатени само два комплети од овој циклус, од кои едниот, Гоја му го подарил на својот пријател и уметнички критичар Шон Бермудез. Првото издание, по смртта на Гоја било објавено од Кралската ликовна академија Сан Фернандо, 1863 години. Следувале три изданија, 1892, 1903 и [1906] година[2].