Украинска војна за независност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Украинската војна за независност — период на континуиран воен судир кој траел од 1917 до 1921 година и резултирала со формирање и развој на една украинска република - подоцна дел од Советскиот Сојуз како Украинска Советска Социјалистичка Република од 1922 до 1991 година. Војната се состоела од низа воени судири меѓу различни владини, политички и воени сили. Во судирот биле инволвирани украински националисти, анархисти, болшевици, силите на Германија и Австроунгарија, Белата руска волонтерска армија и Втората Полска Република. Тие се бореле меѓусебно за контрола на Украина по Февруарската револуција (март 1917 година) во Руското Царство. Исто така, во судирот биле вклучени и сојузничките сили на Романија и Франција. Борбата траела од февруари 1917 до ноември 1921 година и резултирала со поделба на Украина меѓу болшевичката Украинска ССР, Полска, Романија и Чехословачка. Судирот често се гледа како дел од Руската граѓанска војна од 1917-1922 година, како и завршната фаза на Источниот фронт на Првата светска војна од 1914-1918 година.
Украинска војна за независност | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Источен фронт на Првата светска војна и Руска граѓанска војна |
||||||||||
Mityng.jpg Про-националистички протести во Киев , 1917. |
||||||||||
|
||||||||||
Завојувани страни | ||||||||||
Украинска Народна Република ЗУНР Германија | УССР Руска СФСР РВАУ | Држава Украина Бело движење Германско Царство Кралство Романија
Втора Полска Република Трета Француска Република |