Универзитет Готфрид Вилхелм Лајбниц (Хановер)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Универзитетот во Хановер, именуван како Универзитет Готфрид Вилхелм Лајбниц или Универзитет Лајбниц Хановер (LUH), е државен универзитет кој се наоѓа во Хановер, Германија. Универзитетот бил основан во 1831 година и е еден од најстарите, а воедно и најголем научно-технолошки универзитет во Германија.[4] Во учебната 2011/2012 година се запишале 22.236 студенти од кои 3.138 биле од странство. Универзитетот се состои од девет факултети кои нудат 190 целосни и делумни програми во 38 студиски области.[3] Универзитетот е именуван по влијателниот филозоф и математичар во 18 век Готфрид Вилхелм Лајбниц.
Gottfried Wilhelm Leibniz Universität Hannover | |
Гесло | Mit Wissen Zukunft gestalten[1] |
---|---|
На македонски | Да ја обликуваме иднината со знаење |
Основан | 1831 |
Буџет | 394,5 милиони €(2012) |
Претседател | Фолкер Еппинг |
Наставен кадар | 2.690 (2012)[2] |
Административен кадар | 1.600(2012)[2] |
Студенти | 22.236(2011/12)[3] |
Место | Хановер, Долна Саксонија, Германија |
Прекар | Uni Hannover |
Припадност | TU9 Асоцијација CESAER |
www.uni-hannover.de/ |
Универзитетот Лајбниц е дел од Институтот за технологија на Долна Саксонија и член на здружението TU9, кое се состои од девет водечки технолошки институти во Германија. Универзитетот е исто така член на конференцијата на европски училишта за напредна едукација и успешно истражување CESAER, непрофитно здружение на водечки универзитети за инженерство во Европа. Универзитетот ја спонзорира Германската национална библиотека за наука и технологија (TIB), која е најголема од ваков вид во светот.[5]