Фауст
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фауст или Фаустус (на латински: „среќен“) — главниот лик на класичната германска легенда. Иако е успешен научник, Фауст е незадоволен и склучува договор со ѓаволот, разменувајќи ја својата душа за бесконечно знаење и световни задоволства. Приказната за Фауст е основата на многу литературни, уметнички, филмски и музички дела.
Значењето на зборот и името е толкуван на различни начини низ вековите. Фауст и придавката „фаустовско“ често се употребуваат за ситуација во која некоја амбициозна личност го отфрла моралниот интегритет за да постигне моќ и успех: поговорката „Договор со ѓаволот“.
Фауст од првите книги, како и балади, драми, куклени претстави, е неотповикливо осуден, бидејќи претпочита човекот да го проповеда знаењето. „Тој го положи Светото писмо зад вратата и под клупата, и одбиваше да го нарекуваат доктор по теологија, туку доктор по медицина.“
Драмите и комичните куклени претстави засновани според оваа легенда биле популарни низ Германија во 16 век со претставување на Фауст и Мефистофел како ликови за вулгарна забава. Приказната станала популарна во Англија благодарение на Кристофер Марлоу (Christopher Marlowe) кој ѝ дал класичен третман во неговата претстава „Трагичната повест за животот и смртта на доктор Фаустус“. Во преработката на приказната од страна на Гете, 200 години подоцна, Фауст станува незадоволен интелектуалец кој копнее за „повеќе од обично месо и пијалак“.