Фински фолклор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фолклорот на Финска се однесува на традиционалните и народни практики, технологии, верувања, знаење, ставови и навики во Финска. Финската народна традиција, односно фолклор вклучува широк обем на финската традиционална народна култура, вклучително, руралните традиции.
Според познатиот есеј на Алан Данди, фолклорот вклучува барем народни приказни и други вербални традиции, музика, традиционални предмети и згради, религија и верувања, како и кулинарска традиција.[1]