Флориш (остров)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Островот Флориш (португалски: Ilha das Flores); (португалски изговор: [ˈfloɾɨʃ]) — остров на западната група на Азорските Острови со површина од 143 км2 и со население од околу 3907 жители. Тој заедно со островот Корву во западниот архипелаг лежи во Северноамериканската Плоча. Блиското островче Моншик е најзападната точка на Португалија.
Кратки факти Флориш, земја ...
Флориш | |
---|---|
Остров | |
Заливот Алгоа, местото каде што дошле првобитните доселеници и ја основале својата колонија на островот Флориш, во близина на Седрос | |
Етимологија: flores, португалски за цвеќе | |
Прекар(и): Ила Амарела (Ilha Amarela) | |
Местоположба на островот во архипелагот | |
земја | Португалија |
Автономен регион | Азорски Острови |
Острови | Западна група |
Површина | |
• Вкупна | 143 км2 (55 ми2) |
Демоним | Флоришанин |
Етничка група | Португалци |
Население | 3,909 (2003) |
Густина | 27.32 /km2 (70.76 /sq mi) |
Затвори
Островот е прогласен за резерват на биосферата од страна на УНЕСКО во 2009 година[1].